Запушен филтер за гориво: Кои се симптомите и кога да го замените?
Може да предизвика полоши перформанси на вашиот миленик на четири тркала, но и поголема потрошувачка
Филтерот за гориво има едноставна и важна задача – да спречи нечистотиите (прашина, честички од корозија…) да стигнат до моторот на автомобилот.
Филтерот често се наоѓа во резервоарот за гориво или до него (воглавно поновите модели) или некаде на цевководот до агрегатот.
Кои се симптомите на нечист и нефункционален филтер за гориво? Во случај на запушен филтер, моторот прима помалку гориво, па затоа се можни проблеми при палењето. Додека возилото е во „лер“, ќе почуствуват тешкотии во работењето (поради звукот и вибрациите на моторот). Еден од симптомите е зголемување на температурата на моторот, како и нерамномерна работа за време на забрзувањето. Ако не сте доволно искусни во „слушањето“ на автомобилот, тука е евентуално и жолтата сјаличка на инструмент таблата за да ве предупреди. На крајот, спротивно на логиката – би претпоставиле дека со запушен филтер, моторот ќе троши помалку гориво – потрошувачката се зголемува бидејќи моторот ќе бара повеќе гориво или пумпата за гориво ќе работи со зголемен капацитет.
Филтерот за гориво се менува помеѓу 40 000 и 60 000 километри, во зависност од производителот. Експертите сугерираат да обрнете внимание на неговата состојба, бидејќи тој е важен дел од погонскиот систем.