Запознајте го најмоќниот патнички автомобил во светот / ФОТО+ВИДЕО
Британскиот производител на автомобили Lotus го најави својот досега најрадикален модел. Според најавата, хиперспортскиот автомобил наречен Evija треба да биде „најмоќниот патнички автомобил во светот“
Evija ја придвижуваат четири електрични мотори со моќност од 2000 КС (1.471 kW) и максимален вртежен момент од 1.700 Nm. Од Lotus тврдат дека Evija до 100 km/h ќе забрзува за помалку од три секунди, додека максималната брзина ќе биде над 320 km/h.
Литиум-јонската батерија која е сместена на средината од автомобилот ги снабдува електричните мотори со струја и на возилото би требало да му овозможи автономија од околу 400 километри.
Батериите на Evija ќе можат да се наполнат за 18 минути, и според тврдењето од Lotus, станува збор за „батерии кои најборзо се полнат во светот“. Во моментов, најмоќниот полнач во светот е 350 kW, а за вакво брзо полнење полначот би требало да биде со моѓност од 800 kW.
Што се однесува до дизајнот, овој автомобил има монокок шасија направена од јаглеродни влакна. Станува збор за елемент од еден дел кој тежи само 284 килограми. Eviа ќе тежи 1.680 килограми, а од останатите технички детали вреди да се напоменат прилагодливата спортска суспензија, 20 и 21-инчните магнезиум фелни, Pirelli Trofeo R гуми и AP Racing систем за сопирање со карбон-керамички дискови.
Од надвор, на автомобилот се издвојуваат ласерските кратки и долги светла, како и камерите, наместо стандардните странични и задни ретровизори, чија слика се репродуцира на три екрани внатре.
Во футуристички уредениот салон се наоѓа кокпит со дигитален инструмент панел, навлаки со Alcantara, а тука се и мултифункционалниот волан, карбон седиштата и повеќе декоративни елементи.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1paMSPm7SzH98GBZynpGuvOTe0BnqFU0A” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Производството ќе биде ограничено на 130 единици. Првите примероци ќе бидат произведени следната година, а цената ќе изнесува околу 1,9 милиони евра, по примерок се разбира.