Започнува продажбата на револуционерниот Mazda Skyactiv-X агрегат
Mazda официјално ја започна продажбата на револуционерниот Skyactiv-X агрегат во новата Mazda 3
Tака, клиентите во Европа веќе сега може да нарачаат нова Mazda 3 со Skyactiv-X агрегати. Испораката на првите примероци ќе започне оваа есен.
Со уникатната технологија за компресионо палење (SCCI), 4-цилиндерскиот Skyactiv-X со волумен од 2-литри е првиот сериски бензински мотор во светот кој комбинира палење со помош на искра, карактеристичен за бензинците, со компрeсионен систем на палење типичен за дизелите.
Со такво комбинирање, новата Mazda 3 Skyactiv-X развива 180 КС и 224 Nm вртежен момент. Новата Mazda 3 Skyactiv-X седан троши само 4,3 литри на 100 километри. Покрај тоа, емисиите на штетни гасови се само 96 g/km.
Новата Mazda 3 Skyactiv-X е опремена и со Mazda M Hybrid технологија. Интелигентниот „благ“ хибриден систем ја намалува потрошувачката на гориво и издувните гасови. Исто така, енергијата се регенерира кога се забавува и сопира, што потоа се користи од страна на електричниот мотор кој му помага на SUS агрегатот.
Новата Mazda 3 Skyactiv-X е достапна и во хечбек и во седан варијанта на каросеријата. Тука е и 6-брзинскиот Skyactiv MT мануелен или Skyactiv-Drive автоматски менувач. Системот i-AWD е достапен како опција кај хечбек варијантата.