Honda и Ford се првите кои отпуштија работници

Транзицијата кон електрични автомобили носи и еден неизбежен несакан ефект – намалување на бројот на вработени во фабриките. Ова важи и за производителите на автомобили, како и за добавувачите. Електричните автомобили имаат многу помалку компоненти од бензинците и дизелите. Производството се повеќе зема замав, а со тоа започнаа и првите конкретни акции на тој план. 

Прво, Ford објави укинување на 1.000 работни места во САД. Honda предложи предвремено пензионирање, а повеќе од 2.000 работници го прифатија тоа во Јапонија.

Разликата меѓу нив е што Ford штотуку ја отвори својата програма. Ќе понуди шест месеци плата и шест месеци здравствена заштита за работниците кои ја прифаќаат опцијата за заминување од работното место. Во случајот co Honda, програмата се отвори во април, а заврши во јули. Тие 2.000 работници претставуваат 5% од персоналот на Honda со полно работно време во Јапонија.

Покрај добивањето пензија, работниците на возраст од 55 до 63 години ќе земаат плата и по три години. Според Nikkei Asia, Honda за прв пат по десет години им понудила на своите работници во Јапонија пакет за предвремено пензионирање. Целта е да се преструктуира работната сила за производство на повеќе електрични возила.

 Наскоро ова сигурно ќе го следат и другите производители на автомобили. Покрај намалувањето на работната сила, овие производители можат да ги преместат на други работни места за да го намалат влијанието на производството на електрични автомобили.