Дали некогаш сте ги забележиле црните точки по рабовите од шофершајбната? Уште поважно, зошто служат?

Овие црни точки кои го опкружуваат ветробранското стакло всушност имаат многу поважна функција отколку што веројатно сте мислеле. Има гласини кои велат дека помагаат за подобар прием на антената или дека во себе има некои сензори. Но, тоа, се разбира, не е точно.

Оваа лента е неверојатно цврста боја запечена во шофершајбната. Оваа боја го зацврстува лепилото што го поврзува стаклото со рамката на возилото. Секако, стаклото едноставно можете да го залепите за металот, но добро е познато дека стаклото многу тешко се залепува на други површини. Од друга страна, оваа таканаречена фрит лента одлично се лепи.

Самата лента не изгледа добро, така што производителите се одлучиле да додадат точки. Но, не само поради тоа. Некои производители го прошируваат овој појас помеѓу штитниците за сонце кај возачот и совозачот за да создадат дополнителна заштита од сончевите зраци за време на возењето.

Постои и трета причина зошто лентата е точкаста. Брзите температурни промени како и екстремните температури можат да бидат штетни за ветробранското стакло. Црната боја од лентата се загрева побрзо од остатокот од стаклото, па затоа кон завршетоците бледее  наместо остро да заврши. Ако нема точки, поради високи температури може да дојде до изобличување на стаклото.