Целиот процес е автоматизиран, доволно е само да го паркирате автомобилот во станицата

До 2035 година, Европската унија планира да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, а според планот на Европската комисија, дотогаш на патиштата треба да има околу 30 милиони целосно електрични автомобили.

За повеќето потенцијални купувачи на електрични автомобили, најголемиот проблем се уште е времето на полнење на батериите, но кинескиот производител NIO штотуку го понуди своето решение.

Всушност, Кинезите ја отворија својата прва „Power Swap Station“ каде што возачите можат да заменат празна батерија со полна!

Првата станица на европско тло е отворена во Данска, а целиот процес е автоматизиран и трае околу пет минути.

Откако автомобилот ќе влезе во станицата, целиот процес е едноставен: роботски систем го крева возилото и ја отстранува испразнетата батерија и ја заменува со наполнета.

За само пет минути, возачите се опремени со батерија која нуди опсег од 500 километри.

За тоа време станицата полека ги полни батериите што ги има на залиха, а NIO наведува дека батериите кои се полнат бавно – на крајот траат подолго.

Според Euronews, има повеќе од 1.100 Power Swap станици ширум светот, главно во Кина, а NIO планира да отвори повеќе од 100 станици низ Европа оваа година.

Главниот недостаток на оваа технологија засега е што мора да имате автомобил од брендот NIO за да ги користите овие станици за менување батерии.

Но, потенцијалот е дефинитивно таму, треба да има заеднички стандард на глобално ниво за станиците за замена на батерии како овие да работат ефикасно.