Tesla го суспендираше производството на четири дена оваа недела бидејќи не успеа да го постигне истото решение за „затворено општество“ како GM

Дали некогаш сте имале чувство дека поминувате повеќе време на работа отколку дома? Тогаш помислете на работниците од General Motors во Кина кои воопшто не одат дома затоа што буквално спијат на подот од нивната фабрика.

Од персоналот во фабриката на General Моtors во Шангај било побарано да спие во фабриката за да се дозволи фабриката да остане отворена во согласност со сегашните регулативи за да се запре ширењето на Ковид-19. Според извештајот на Reuters, работниците спијат, живеат и работат во фабриката и се целосно изолирани од останатиот дел од општеството за да се спречи пренесувањето на вирусот, слично на вработените на Зимските олимписки игри во Пекинг претходно оваа година.

Правилата за заклучување во Шангај предизвикаа проблеми за неколку производители на автомобили и добавувачи во индустријата, вклучително и Tesla, која го прекина производството на четири дена оваа недела бидејќи не успеа да го постигне истото решение за „затворено општество“ како General Моtors.

Фабриката во Шангај е дел од заедничкото вложување помеѓу GM и кинеската компанија SAIC, а моментално произведува Buicke, Chevrolet и Cadillace источно од градската река во Хуангпу. Кога Autonews побарал од GM да го коментира извештајот, кој произлегол од информации од две лица запознаени со ситуацијаа, компанијата одбила да коментира, велејќи само дека фабриката произведува возила со нормална стапка.

Порастот на активноста на коронавирусот низ Кина, исто така, се чини дека ги принудува организаторите на овогодинешниот салон за автомобили во Пекинг да го откажат настанот следниот месец. Имено, Саемот за автомобили требаше да започне на 21 април, а иако нема официјална потврда дека датумот е променет, Auto News China објави дека настанот може да се одложи за јуни.

Ова може да ги изнервира некои производители кои се надеваа дека ќе откријат некои нови клучни автомобили во Пекинг оваа пролет. Mercedes планираше да го претстави својот нов електричен SUV EQS на Саемот, а BMW ја подготвуваше својата најнова Серија 7.