Volkswagen планира да ја затвора главната фабрика во Волфсбург на еден до два дена неделно помеѓу август и крајот на септември за да ги реши проблемите поврзани со воведувањето на новиот WLTP тест циклус

Новата постапка за тестирање, базирана на податоци од реалниот сообраќај, резултираше со прилично високи измерени нивоа на јаглерод диоксид, отколку што беше случајот со NEDC процедурата, што создава проблеми при лиценцирањето и продажбата.

Поради каснење, VW ќе го запре производството на некои модели во неколку фабрики, откако Daimler минатата недела го обвини WLTP и трговскиот конфликт помеѓу САД и ЕУ за намалување на профитната стапка.

Volkswagen, исто така, ќе ја стопира фабриката во Цвикау, како и производството на компоненти, што ќе резултира со каснење во производството, соопштуваат од компанијата. Фабриката во Емден, исто така, ќе биде затворана во одредени денови во третиот и четвртиот квартал, поради слабата побарувачка за моделите од D-сегментот. Токму во Емден, се произведува Passat.