Volkswagen со својот електричен I.D. R го сруши рекордот на познатата планинска трка Pikes Peak Hillclimb

Роман Дима, човекот зад воланот на VW I.D. R влезе во историјата како прв возач кој ја преминал патеката од 19,8 километри со 156 кривини за помалку од осум минути во првиот обид.

Францускиот возач, во неделата, на патеката во Колорадо остварил време од 7:57,148 минути, надминувајќи го со тоа времето на рели шампионот Себастијан Леб во Peugoet 208 со 3.2-литарски twin-turbo агрегат од 8:13,878 минути постигнато во 2013 година.

Целта на германскиот производител, како што претходно беше наведено, беше да се сруши рекордот за електрични возила од 8:57,118 минути, но времињата постигнати за време на тестирањата покажале дека може да можностите се многу поголеми.