Воздушните перничиња за колена на пазарот се присутни нешто повеќе од две децении, а производителите кои ги воведоа беа Kia и Toyota. Намерата, нормално, била да се спречат или минимизираат повредите на нозете за време на судир

Сепак, вистинските придобивки од овој безбедносен систем се занемарливи, а во некои случаи дури може да бидат и штетни, покажува новата студија на Осигурителниот Институт за безбедност на патиштата (IIHS).

Според оваа организација, пред да се донесе ваков заклучок, биле анализирано голем број на податоци. Поточно, IIHS проучил 400 фронтални „краш“ тестови што ги спровел сам, споредувајќи ги со слични тестови од 14 земји, за да последователно биде откриено дека воздушните перничиња за колената не помагаат многу.

Споредувајќи ги резултатите од автомобилите кои не биле опремени со оваа технологија со оние кои ја имале, тимот заклучил дека намалувањето на ризикот од повреда е минимизиран, со можност во одредени случаи да делува обратно.

Со анализа на фронтални судири со мало и умерено преклопување од страната на возачот, воздушните перничиња на коленото всушност го зголемиле ризикот од повреда на долниот дел на нозете и десната бутина.

Поради фактот што овие воздушни перничиња го ограничуваат движењето на телото за време на судир, ризикот од повреди на главата е малку намален.

Во реални судири, IIHS вели дека воздушните перничиња за колената се одговорни за намалување на ризикот од тотална повреда за само 0,5 проценти, што статистички е незначителна вредност.

Следствено, логично се поставува прашањето зошто производителите на автомобили продолжуваат да инсталираат воздушни перничиња за колена? IIHS вели дека причината за тоа е што сакаат да ги поминат „краш“ тестовите со кукли без појаси. Американската организација признава дека оваа технологија може да помогне во такво сценарио, иако нема податоци за поддршка на ова тврдење.