
Возачи внимавајте: со есента се враќа и аквапланингот
Длабочината на шарите на гумите и стилот на возење се особено важни за безбедно излегување од оваа ситуација
Летото преминува во есен, при што вечерите стануваат потемни, а врнежите се зголемуваат. Сето ова води кон зголемена опасност за возачите, бидејќи дупките на патиштата задржуваат вода која нема време да се исуши. Според тоа, ризикот од аквапланинг, кој често пати води и до сообраќајна несреќа, исто така се зголемува.
Аквапланинг се случува кога под гумата се формира „перница“ од вода. Тогаш шарата на дел од гумата не може да ја отстрани водата меѓу гумата и патот. Следствено, гумите губат на тракција и возачот веќе не може да го контролира автомобилот. Аквапланингот може да ги изненади дури и најискусните возачи, бидејќи за жал е невозможно да се предвиди неговата појава.
За да се намали ризикот, експертите препорачуваат неколку основни работи. Првата е да се провери состојбата на гумите и нивниот притисок. Во компаративниот тест објавен од Tekniikan Maailma во мај оваа година, истрошена летна гума со длабочина на шарата од 3-4 mm покажува забележително полошо управување отколку нова летна гума со длабочина на шарата од 7 mm.
За да го намалите ризикот од оваа опасност, треба да ги промените гумите кога длабочината на шарата ќе падне под 4 mm. Индикаторот за безбедност при возење DSI (Driving Safety Indicator) ви овозможува полесно да ја следите длабочината на шарата на вашите гуми, бидејќи јасно го покажува преостанатото ниво на шарата на самата гума.
Новите летни гуми исто така ќе го намалат растојанието за сопирање во влажни услови на патот, иако експертите велат дека карактеристиките како прилепување на гумата на влажен и сопирање на влажен пат не треба да се мешаат со тенденцијата на гумата за аквапланинг.
Покрај состојбата на гумите, притисокот во гумите е исто така важен фактор. Ако не е на потрбното ниво, тие може да не ја задржат својата форма во вода. Ова ќе го направи автомобилот поподложен на аквапланинг.
Е сега, ако веќе влезете во ваква ситуација, има неколку работи што треба да направите.
Прво, возачот мора да остане смирен затоа што паниката само ќе ја влоши ситуацијата. Тој мора го држи воланот исправено, да ја ослободи педалата за гас и да ја притисне педалата за квачилот за да ја забави брзината и да ја врати влечната сила. Сопирачката не помага затоа што дополнително го намалува влечењето.