Бројот на електрични автомобили расте додека недостигот на струја се заканува да ја „изгасне“ Америка

 

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во земјата поради заканата од акутен недостиг на електрична енергија предизвикан од невидените суши и зголемената потрошувачка на сите нивоа.

Бајден изрази особена загриженост дека Америка не е во состојба да одржи проекти за масовна изградба на соларни капацитети поради недостаток на соларни ќелии и модули. Поради ова, речиси сите енергетски проекти базирани на соларни капацитети или доцнат или се откажани, што значително го нарушува енергетскиот биланс во блиска иднина.

Поради сето горенаведено, Бајден предлага борбата против недостигот на електрична енергија да биде во надлежност на секретарката Џина Рејмонд со одобрување за ослободување од царина при увоз на соларни ќелии и модули од Камбоџа, Малезија, Тајланд и Виетнам.

Целосната ситуација со електричната енергија во Америка, особено, може да има негативно влијание врз развојот на секторот ЕВ секторот во светската автомобилска индустрија.

Вистинските аналитичари кои се занимаваат со енергија јасно предупредуваа, и сеуште тоа го прават, дека масовниот развој на електричната мобилност нема да може да биде проследен со соодветен раст на производството и дистрибуцијата на електрична енергија, особено од обновливи (чисти) извори, што го потврдува и американската администрација.

Сосема е јасно дека ако Америка енергетски се „закашла“, многумина ќе умираат во темнина, особено од аспект на енергетската криза која и се заканува на Европа, што само по себе води до тоа дека побарувачката за возила на електричен погон ќе влезе во голема криза.