Volkswagen Group ја зајакнува својата позиција како светски лидер
Светскиот пазар на автомобили продолжува да расте и за првите шест месеци од тековната година бележи раст од 4,1%
За овој период се продадени 45,1 милиони возила, бројка која според аналитичарите гарантира дека до крајот на 2019 година ќе бидат забележани на 100 милиони продажби.
Според изданието focus2move, лидер според бројот на продадени автомобили за првото полугодие е Volkswagen Group, во кој влегуваат брендовите Volkswagen, Audi, Skoda, Seat, Bugatti, Lamborghini, Bentley и Porsche. Концернот продал 5,59 милиони единици, што е зголемување за 7,2% споредбено со истиот период од 2017 година.
На втората позиција со сериозен заостаток е Renault-Nissan Alliance, во која влегуваат Nissan, Renault, Mitsubishi, Dacia, Renault Samsung, AвтоВАЗ, CMC и ZNA. За првата половина од годината, француската групација реализирала 5,17 милиони возила или раст од 4,7% споредбено со минатата година.
На третото место е Toyota Motor Corporation (Toyota, Daihatsu, Lexus, Scion) со 4,74 милиони продадени единици. Растот на Јапонците изнесува 3,3%. Зад нив се наоѓа General Motors со 4,3 милиони (+2,9%), додека групата Hyundai-Kia е на петтата позиција со 3,7 милиони продадени единици (+7,1%).
Најсериозниот пад помеѓу првите 10 има Ford Group (-6,4%) или 29,65 милиони продажби. Во минус исто така е седмо рангираниот Fiat-Chrysler со пад од 0,8 проценти или 2,51 милиони продажби. И покрај падот, италијанско-американската групација ја претекна Honda Motor, која е на осмата позиција. Јапонците продале 2,38 нови автомобили (+0,4%).
Последните две места во Топ 10 се за француската PSA Group со 2,28 милиони продажби (+ 2,9%) и Mercedes-Daimler – 1,4 милиони продадени автомобили (+5,3%).
Најголем раст во Кина има Geely Group (28,3% или 1,12 милиони единици Друг кинески производител, Great Wall Motots, забележал најголем пад во продажбата (-17,5%) 385.000 единици, што значи и помествање за две позиции (од 19-то до 21-то).