Според Jato Dynamics, во Европа од јануари заклучно со јуни, се продадени 8,6 милиони нови автомобили, што претставува раст од 2,7% во споредба со истиот период претходната година

Сегментот на SUV возила забележал рекордни резултати со раст на продажбата од неверојатни 24%. Во првата половина од тековната година, жителите на стариот континент купиле 2,9 милиони SUV модели. Повеќето од нив отпаѓаат на модели со помали димензии, а интересно е тоа што големите кросовер модели бележат пад на продажбата од 9%.

Најдобат продажен резултат во првите шест месеци од оваа година има Volkswagen Group со 988.507 продадени автомобили. Следат Renault со 624.443, Ford со 573.250 и Peugeot со продадени 542.433 нови автомобили.

Ова се десетте производители со најдобар комерцијален успех и промената во проценти во споредба со 2017:

Volkswagen 988.250 +9%
Renault 624.443 0%
Ford 573.250 -3%
Peugeot 542.433 +9%
Opel-Vauxhall 493.802 -6%
Mercedes 460.065 -3%
Audi 432.191 -2%
BMW 428.185 -1%
Fiat 405.511 -9%
Škoda 398.650 +8%

Што се однесува до индивидуалните модели, Volkswagen Golf сеуште е најпроаваниот автомобил на Стариот континент. Во првите шест месеци, Европјаните купиле 257.550 примероци од Golf, со раст на продажбата од 8% во споредба со претходната година. Фантастичен резултат, пред сè, поради фактот дека сегашната генерација е на крајот од пазарниот живот и наследникот веќе е во подготовка.

Renault Clio со 185.234 продадени примероци е на второто место, пред Polo со 163.294, Ford Fiesta со 157.286, и петтиот Nissan Qashqai со 134.547 продадени примероци.

Ова се десетте најпродавани модели во Европа за периодот јануари-јуни и промената во проценти во споредба со 2017:

Volkswagen Golf 257.550 +8%
Renault Clio 185.234 +1%
Volkswagen Polo 163.294 -4%
Ford Fiesta 157.286 +1%
Nissan Qashqai 134.547 -1%
Peugeot 208 132.764 +1%
Volkswagen Tiguan 129.237 +1%
Škoda Octavia 123.710 +3%
Renault Captur 121.235 +8%
Opel Corsa 117.981 -15%

Ова јасно покажува дека главната борба во Европа, веројатно и на глобално ниво (со се разбира  Toyota) ќе се одигра помеѓу групациите Volkswagen и Renault-Nissan. Меѓу десетте најдобро продавани модели се три SUV модели, што повторно зборува за зголемената популарност на овој сегмент.

Кога станува збор за одделни земји, најголем раст на продажбата е забележан во Романија, дури 37%, потоа Унгарија – 29%, Литванија – 24,6%, Грција – 23,8%, а голем пораст на продажбата на нови автомобили има и во Хрватска – 19,3%.

Најголемиот пазар за нови автомобили останува Германија со 1.839.031 купени возила купени, по што следат Велика Британија – 1.313.994, потоа Франција – 1.183.193, Италија – 1.122.491 и на петтото место Шпанија, чии граѓани и правни лица во првите шест месеци од оваа година купиле 736.555 нови автомобили.