Volkswagen Group ја предводи продажбата во Европа, SUV сегментот расте ли расте
Според Jato Dynamics, во Европа од јануари заклучно со јуни, се продадени 8,6 милиони нови автомобили, што претставува раст од 2,7% во споредба со истиот период претходната година
Сегментот на SUV возила забележал рекордни резултати со раст на продажбата од неверојатни 24%. Во првата половина од тековната година, жителите на стариот континент купиле 2,9 милиони SUV модели. Повеќето од нив отпаѓаат на модели со помали димензии, а интересно е тоа што големите кросовер модели бележат пад на продажбата од 9%.
Најдобат продажен резултат во првите шест месеци од оваа година има Volkswagen Group со 988.507 продадени автомобили. Следат Renault со 624.443, Ford со 573.250 и Peugeot со продадени 542.433 нови автомобили.
Ова се десетте производители со најдобар комерцијален успех и промената во проценти во споредба со 2017:
Volkswagen 988.250 +9%
Renault 624.443 0%
Ford 573.250 -3%
Peugeot 542.433 +9%
Opel-Vauxhall 493.802 -6%
Mercedes 460.065 -3%
Audi 432.191 -2%
BMW 428.185 -1%
Fiat 405.511 -9%
Škoda 398.650 +8%
Што се однесува до индивидуалните модели, Volkswagen Golf сеуште е најпроаваниот автомобил на Стариот континент. Во првите шест месеци, Европјаните купиле 257.550 примероци од Golf, со раст на продажбата од 8% во споредба со претходната година. Фантастичен резултат, пред сè, поради фактот дека сегашната генерација е на крајот од пазарниот живот и наследникот веќе е во подготовка.
Renault Clio со 185.234 продадени примероци е на второто место, пред Polo со 163.294, Ford Fiesta со 157.286, и петтиот Nissan Qashqai со 134.547 продадени примероци.
Ова се десетте најпродавани модели во Европа за периодот јануари-јуни и промената во проценти во споредба со 2017:
Volkswagen Golf 257.550 +8%
Renault Clio 185.234 +1%
Volkswagen Polo 163.294 -4%
Ford Fiesta 157.286 +1%
Nissan Qashqai 134.547 -1%
Peugeot 208 132.764 +1%
Volkswagen Tiguan 129.237 +1%
Škoda Octavia 123.710 +3%
Renault Captur 121.235 +8%
Opel Corsa 117.981 -15%
Ова јасно покажува дека главната борба во Европа, веројатно и на глобално ниво (со се разбира Toyota) ќе се одигра помеѓу групациите Volkswagen и Renault-Nissan. Меѓу десетте најдобро продавани модели се три SUV модели, што повторно зборува за зголемената популарност на овој сегмент.
Кога станува збор за одделни земји, најголем раст на продажбата е забележан во Романија, дури 37%, потоа Унгарија – 29%, Литванија – 24,6%, Грција – 23,8%, а голем пораст на продажбата на нови автомобили има и во Хрватска – 19,3%.
Најголемиот пазар за нови автомобили останува Германија со 1.839.031 купени возила купени, по што следат Велика Британија – 1.313.994, потоа Франција – 1.183.193, Италија – 1.122.491 и на петтото место Шпанија, чии граѓани и правни лица во првите шест месеци од оваа година купиле 736.555 нови автомобили.