Украина е важен снабдувач на неонски гас потребен за производство на чипови

Тешко е да се размислува и пишува за автомобилската индустрија кога стотици луѓе гинат во Украина, а војната предизвикува огромна материјална штета. За жал, во останатиот дел од светот животот мора да продолжи, а со тоа и економијата. Но, војната во Украина може да ги продолжи и онака долгите рокови за испорака на нови автомобили поради недостаток на чипови

Војната во Украина најверојатно дополнително ќе ја влоши ситуацијата со недостаток на чипови во автомобилската индустрија бидејќи оваа земја е важен снабдувач на неонски гас потребен за производство на чипови (се користи во ласерите кои се клучни за производството). Со доцнење на испораката, тоа сигурно ќе влијае на производството на нови автомобили, а со тоа и на и онака долгите рокови на испорака.