Водич за Париз мотор шоу 2018
Утре, со новинарските денови, стартува меѓународниот салон за автомобили во Париз
Главниот град на Франција ќе биде домаќин на најголемите светски производители кои најавија бројни премиери на нови модели, како и атрактивни концептни автомобили.
Потсетување дека најголемата есенска светска смотра за новите случувања во автомобилската индустрија се одржува наизменично во Франкфурт и Париз, а 2018 година, или секоја парна година, домаќин е француската метропола.
Парискиот салон, кој првпат се одржал во далечната 1898 година, бележи 120 години постоење. Ова е една од најстарите манифестации од овој тип, а воедно и најпосетениот саем на автомобили во светот. Низ саемските хали во 2014 година поминале 1,25 милиони посетители. Овогодинешниот салон за автомобили се одржува од 2 до 14 октомври.
Во последно време, многу големи производители на автомобили прескокнуваат некои од најважните саеми, па така и Париз не е исклучок. Оваа година, листата на брендови кои нема да ги угости францускиот главен град е подолга од вообичаеното. Посетителите нема да имаат можност да видат модели на брендовите Bentley, Ford, Opel, Mazda, MINI, Mitsubishi, Nissan, Subaru, Volvo, Volkswagen, Alfa Romeo, FIAT и Jeep.
Причините за отсуство се различни – некои производители немаат нови модели кои би ги промовирале во Париз, други сакаат да заштедат, бидејќи цената за изложување е огромна, трети се фокусираат на приватни презентации на своите автомобили или промоција преку интернет.
Како и да е, Париз ќе биде домаќин на многу важни имиња во авто-индустријата, што значи дека ќе се одржат многу светски и европски премиери на нови модели и концептни автомобили. Некои премиери веќе се најавени, додека други се уште се чуваат во тајност.
Audi, меѓу другото, во Париз ќе го изложи својот прв електричен SUV, e-Tron, кој неодамна имаше онлајн премиера, додека најакиот адут на BMW меѓу бројните саемски новини е новата генерација на Серија 3, како еден од најважните модели во гамата на баварскиот производител.
Третиот германски производител на премиум автомобили, Mercedes, на францускиот саем ќе ја новата генерација на SUV моделот GLE, а меѓу светските премиери може да се најде и новата B-класа.
Што се однесува до останатите луксузни марки на автомобили, боите на Франција ги брани DS со SUV новината DS3 Crossback, додека јапонскиот Lexus меѓу другото, ја претставува новата генерација на ES лимузината.
Француските марки на автомобили ќе бидат преставени со модели како што се обновениот Renault Kadjar или новиот Peugeot 508 во караван издание.
Иако во Париз оваа година нема да биде Volkswagen, два производители под покровителство на групата VW, Škoda i Seat, ќе бидат присутни со свои модели. На штандот на Škoda ќе дебитира SUV моделот со високи перформанси Kodiaq RS, додека SEAT го претставува најголемиот SUV во својата палета – моделот Tarraco.
Од јапонските производители ќе ја видиме Toyota со новата Corolla и моделот за европскиот пазар Camry Hybrid, кој е замена за моделот во заминување Auris, потоа Honda со CR-V во хибридно издание и Suzuki со novata генерација малиот SUV Jimny.
Корејската автомобилска индустрија е претставена првенствено од Hyundai и Kia. Hyundai во Париз доаѓа со рестилизираниот i30 и спортскиот i30 Fastback N, додека на штандот на Kia ќе заблеска новиот Proceed и електричниот кросовер e-Niro.
Фановите на супер спортски автомобили нема да бидат во можност да видат модели на Lamborghini, но во Париз ќе се претстави другиот голем италијански производител – Ferrari, со моделите наречени Monza SP1 и SP2 од ексклузивната серија Icona line.
Посетителите на саемот во Париз ќе бидат во можност да видат и неколку интересни концепти како што се Peugeot e-Legend, дизајниран во ретро стил и концептот Škoda Vision RS, кој го најавува сериското производство на компактниот спортски хечбек на производителот од Чешка.
Следете не.