![Во тек тотална феминизација на Женева](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/01/4dafca0c-3dff-40ad-a50e-df261e3c3f4b_w718_r1.jpg)
Во тек тотална феминизација на Женева
Властите во еден од најголемите швајцарски градови и престолнина на многу меѓународни здруженија сакаат да го потенцираат принципот на родова еднаквост во локалната заедница, па решиле нивото на развој на социјалната свест да го прикажат и со поставување на голем број сообраќајни знаци на кои за илустрација на човечко суштество, наместо машка единка како досега, ќе стојат дами
На овој начин, градот Женева поставува пример за промовирање на родовата еднаквост. Надлежните за пражања врзани со сообраќајот во Женева минатата недела преставиле шест сообраќајни знаци кои илустрираат пешачки премин. Сега на нив ќе се најдат парови, постари лица, бремени жени и други членови на заедницата. Овој пристап, е премиерен во Швајцарија.
„Идејата за презентација на сообраќајната сигнализација на некој можеби ќе му личи на карикатура“, рече Сандрина Салерно, градоначалник на Женева. „Сепак, не станува збор за никакво исмејување, туку за демонстрација на развојот на социјалната свест“. „Претходно во историјата, со изгледот на јавните површини управувале мажи и ги уредувале мажи“, вели Салерно. Под (лажен) изговор за неутралност на половите, целата сигнализација е претежно „тестостеронизирана“. „Сеприсутноста на машките фигури на патоказите имплицирала чувство на отуѓување кај жените и малцинствата, така што тие, нашиот град – Женева, помалку го доживуваат како свој дом“, дополнуваСалерно.
Заменувањето на старите сообраќајни знаци со нови треба да придонесе за чувство на еднаквост кај целото население. Вкупно ќе бидат поставени 250 нови знаци во шест различни верзии.
Процесот на „феминизација“ на имињата на улиците е во тек, низ цела Женева.