Во пет европски градови започнуваат тестирања на самовозечки автобуси
По една и пол година планирање, проектот за роботизација на движењето на градските автобуси Fabulos е подготвен за тестирање во реални услови
Најдобрите модели на беспилотни микробуси ќе станат дел од јавниот превоз во пет европски градови.
Проектот Fabulos (Futurе Аutоmаtеd Вuѕ Urbаn Lеvеl Ореrаtіоn Ѕуѕtеm) е активен од 2018 година преку финансиска поддршка на Европската унија. Целта на овој проект е да се потврди одржливоста на идејата за автономен јавен транспорт интегриран во градската инфраструктура. Минатиот месец тестовите на овој тип возила се спроведени во Хелсинки (Финска), а овој месец со тестирање ќе се започне во Гесталд (Норвешка) и Талин (Естонија), нешто подоцна и во Ламиа (Грција) и Хелмонд (Холандија).
„Хелсинки ќе биде најдобриот град во светот“, вели градоначалникот Јан Вапавуори. „Иновации кои ќе овозможат најдобри услови за градско живеење – ова е суштината на нашата стратегија. Затоа новите стабилни модели на градскиот превоз се нашиот главен приоритет“.
За време на 50-дневните тестови, ќе се направат проверки за функционалноста, компатибилноста и безбедноста на беспилотните возила. Автономните машини се произведени од финско-шпанската компанија Ѕеnѕіblе4-Ѕhоtl, норвешко-канадски специјалисти од Saga и естонската компанија Mobile Civitatem.
По завршувањето на тестовите, раководството на проектот ќе направи проценка на системите за контрола и способноста на овие транспортни средства да се справат со сложените транспортни ситуации.