Во Москва во рамките на кампањата за вакцинација против Ковид-19 ќе се подаруваат автомобили!
Како дел од кампањата за вакцинација против коронавирус (КОВИД-19) во Москва, главниот град на Русија, ќе се подаруваат автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потсетува дека повторно се воведени некои мерки против пандемијата.
Истакнувајќи дека треба да се забрза процесот на вакцинација против КОВИД-19 со цел да се избегнат дополнителни мерки, Собјанин објави дека започнале кампања за вакцинација на граѓаните над 18 години.
„Оние кои ќе ја примат првата доза од вакцината од 14 јуни до 11 јули ќе учествуваат во лотарија за автомобил. Секоја недела ќе се одржуваат пет лотарии во вредност од околу еден милион руби (околу 14 000 американски долари)”, објави Собјанин притоа наведувајќи дека пред неколку дена тој ја примила вакцината Sputnik V.