Во Лос Анџелес асфалтот го ладат со специјални премази / ВИДЕО
Пилот проектот опфаќа една населба чии жители веќе можат да уживаат во попријатни температури
Во првата фаза од проектот наречен GAF Cool Community, речиси 93.000 квадратни метри патишта, паркинзи и спортски терени ќе бидат обоени со специјална боја.
Патиштата буквално се обложени со безбоен премаз, па возачите нема да можат да ја забележат разликата. Сепак, пешаците навистина ќе ја почувствуваат промената.
Специјалната обвивка ги рефлектира сончевите зраци и го намалува загревањето на подлогата. Ја произведува Streetbond, дел од компанијата GAF, а се комерцијализира под името Invisible Shadow. И навистина, првите мерења покажале дека асфалтната површина помалку се загрева, така што обоените површини го намалуваат ефектот на затоплување на урбаните области, кои често се потопли од приградските области без асфалт и бетон. Многумина го споредуваат овој ефект со ефектот на ладење со сенката на дрвото.
Did we just find ghosts?
Nope – StreetBond coatings with Invisible Shade immediately cooling the surface of a basketball court in Pacoima, CA. The community highlighted areas of greatest impact and we got to work. #streetbond #climate #climatechange #climatetech #infrared pic.twitter.com/Lbmv462ez7
— Streetbond (@thestreetbond) July 25, 2022
Според првите резултати од пилот-проектот во Пакоима, забележан е просечен пад на температурата од речиси 7 степени Целзиусови. Ефектот ќе се следи во следните две години, а по потреба ќе се прошири и во некои други области.
StreetBond pushing innovation — notice the drone in the sky? It’s measuring the reduction in surface temperature on the basketball court from our innovative coatings that reflect the sun’s heat.
Art + Science = a cooler place to play pic.twitter.com/akWBB2FOUt
— Streetbond (@thestreetbond) July 22, 2022