
Во Англија се гради аеродром за летачки автомобили / ВИДЕО
Летeчките автомобили или воздушните такси возила стануваат сè попопуларни во светот, а расте и интересот за ваков вид превоз на патници и стока. Првиот аеродром за летечки автомобили се гради во Англија, во градот Ковентри, и ќе биде завршен до ноември 2021 година
Големите компании како Boeing и Porsche сериозно размислуваат за развој на овој вид возила, a а доказ за тоа е официјалното започнување со изградба на првото пристаниште за летeчки автомобили во Англија. Британската компанија „Urban-Аir Port“ се здружила со автомобилскиот гигант Hyundai Motors за изградба на модерен аеродром за летечки автомобили, кој треба да превезува луѓе и стока.
Urban-Air Port was selected by a government programme aimed at developing zero-emission flying and new air vehicles.https://t.co/rwvAVOtd0N@htTweets
— HT Auto (@HTAutotweets) January 30, 2021
Целта на новиот проект е развој на инфраструктурата за следната генерација на електрични и автономни авиони.
„На автомобилите им се потребни патишта, на возовите пруги, на авионите аеродроми, а на електричните летала со вертикално полетување и слетување (eVTOL) Urban-Аir Port пристаништа. Пред повеќе од сто години е направен првиот комерцијален лет кој ја креираше модернизацијата на поврзаниот свет. Urban-Аir Port ќе ја подобри поврзаноста на нашите градови, ќе започне продуктивност и ќе и помогне на Велика Британија да преземе водечка улога во новата „чиста“ глобална економија“, вели Рики Садху, основач и директор на Urban-Аir Port.
Аеродромот Urban-Аir Port е за 60 проценти помал од традиционален хелиодром и може да се изгради за неколку дена, еколошки е прифатлив, бидејќи не испушта штетно зрачење.
Како што објави компанијата Hyundai, планот е до до 2028 година да се изгради и eVTOL возило.
Урбаниот аеродром е избран како дел од владината програма насочена кон развој на летање со нулта емисија на гасови.