Внимавајте, паднатите лисја во распаѓање можат да го оштетат вашиот автомобил!
Лисјата во распаѓање содржат и одредена количина киселина, која може да биде опасна за лесните возила – особено ако лисјата се влажни
Есенскиот декор на природата е често прекрасен. И за очите и за душата. Но не секогаш и за автомобилите.
Лисјата на патот во комбинација со влага може да предизвикаат лизгава површина и може да ве чинат сообраќајна незгода ако не бидете внимателни и ако не ја прилагодите брзината на неповолните услови.
Но, лисјата може да предизвикуваат и оштетување на самиот автомобил. Лисјата во распаѓање содржат и одредена количина киселина, која може да биде опасна за лесните возила – особено ако лисјата се влажни. Оставањето лисја на возилото подолго време може да резултира со оштетување.
Ако не ги исчистите лисјата под ветробранското стакло, истите ако се влажни, може да ги блокираат воздушните патишта до филтерот на кабината, што може да го намали снабдувањето со свеж воздух. Лисјата во распаѓање на лисјата може и да влезат во каналите, па тогаш во кабината ќе дишете екстремно неквалитетен, влажен воздух.
Затоа внимавајте. Есенските лисја на автомобилот и на патот секако се основа за добра фотка, но не и за автомобилот и безбедноста во сообраќајот.