Оние кои ќе се осмелат да возат премногу брзо по патиштата во Австрија, во иднина ризикуваат да платат многу поголема сума на казната отколку досега

Во најлош случај, може да се случи за прекршителот износот на казната да ја допре бројката од цели пет илјади евра, проследено со неколкумесечно одземање на правото да управува со моторно возило.

Националниот совет во четвртоко во Виена гласаше за новиот пакет регулаторни мерки поврзани со оваа тема, доставен од владата на Австрија. Доколку возачот биде фатен да надминува 30 km/h над дозволената брзина, тој ќе биде казнет со 150, наместо поранешните 70 евра. Износот на финансиска одмазда за неартикулираната љубов кон брзината се зголемува со зајакнување на интензитетот на прекршокот, така што во најцрниот епилог, бројката за казната достигнува износ од пет илјади евра.

Предвидено е возачот да остане без можност за управување со моторно возило во период од три месеци, па дури и подолго, доколку се покаже дека сторителот го повторува прекршокот. Уличните трки се сметаат за кривично дело од посебен вид, така што казнената политика за бунтовниците од тој тип е прилагодена на перцепцијата на законодавецот.