Германскиот автомобилски гигант BMW планира да ги електрифицира сите модели од гамата на спортската М дивизија

Директорот на М дивизијата Френк ван Мел, најави дека ова ќе биде реализирано до крајот на следната деценија.

BMW M е првата асоцијација на спортска ДНК, моќни мотори, погон на задните тркала (новиот M5 има погон на сите тркала), фантастичен дизајн.

Баварците деновиве најавија дека размислуваат новите генерации на М автомобилите да имаат погон и на предните тркала. Ова е само размислување, а она што е сигурно е загарамнтирана електрификација.

„Тоа ќе се случи чекор по чекор. Важно прашање е тајмингот, вистинското време да се направи тоа. Ако задоцниме, ние сме задоцниле, ако избрзаме, тогаш нема да имаме врвна технологија. Денешните компоненти за електрификација на возилата се доста тешки, а за нас во спортскиот сектор тежината и односот на моќта и тежината на возилото се клучни“, вели Ван Мел.

Како и да е, BMW веќе во голема мера е навлезен во програмата за електрификација на своите модели, а плановите се EV возилата да претставуваат 15-25% од целата линија до 2025 година.

„Главната цел не е толку во компонентите и технологијата, туку во филозофијата. Ние сакаме М3 да биде М3 “, заклучува директорот на BMW M дивизијата.