Без разлика дали се наоѓа на контролната табла, под седиштата или во просторот за нозе, песокот за мачки може да ја апсорбира влагата насекаде

Влагата во автомобилите е честа појава, особено во зима, а за тоа има многу причини. Едно од најчестите е внесувањето на влажна облека и обувки во автомобилот. Тука е и веројатноста за влез за влага од надвор преку вратите и прозорците кои можеби не дихтуваат најдобро, за што секако е потребно поправка. Има и други причини, па колегите од Германскиот авто-клуб (ADAC) донесуваат неколку совети кои би можеле да ви бидат од корист.

Како да си помогнете да се намали влагата во возилото?

Обрнете внимание на патосниците: патосници од ткаенина брзо ја апсорбираат влагата од чевлите и тешко се сушат. Гумените патосници се подобро решение. Секако препорачливо е да го исчистите снегот од чевлите пред да влезете во автомобилот.

Ставете песок за мачки во платнена вреќичка, затворете ја цврсто и ставете ја од внатрешната страна на шофершајбната пред да излезете од возилото. Песокот за мачки ја апсорбира влагата и шофершајбната останува кристално чиста. Невообичаено, но корисно. Може да се користат и чорапи наместо платнена вреќичка. Платнената вреќичка или чорапот со песок може да се стави и во просторот за нозе за време на возењето. Без разлика дали е на контролната табла, под седиштето или во просторот за нозете, песокот за мачки може да апсорбира влагата насекаде. Најдобрите верзии на песок за апсорбирање на влагата се базираат на силика (силициум диоксид) или глина.