Вистинско ремек дел: BMW Motorrad го претстави рачно изработениот R18 Magnifica Chopper / ФОТО+ВИДЕО
R18 Magnifica комбинира луксузни материјали како махагони, месинг и алуминиум со прилагодена рамка и алуминиумски тркала
Новиот мотор-чопер R18 Magnifica е еднократен проект во партнерство со работилницата Radikal Chopper, целосно рачно изработен, а неговиот дизајнер е Андреа Радаели. Ова вистинско ремек дело е претставено на овогодинешниот настан Top Marques во Монако
R18 Magnifica комбинира луксузни материјали како махагони, месинг и алуминиум, заедно со прилагодена рамка и алуминиумски тркала. Она што е веднаш видливо, Радаели инспирацијата ја побарал кај класичните мотоцикли од минатото на BMW, повикувајќи се на модели од 1920-тите, 30-тите и 40-тите за да го добие конечниот дизајн.
Се вели дека мотоциклите од ерата кога BMW го лансираше класичниот R37 „имаат неверојатен шарм што дури и денес многу модерни мотоцикли не можат да го реплицираат“. Една од ретките површини кои не се рачно изработени се алуминиумските тркала, но дури и тие оставаат впечаток дека се рачно изрезбани. Дисковите и клештите на сопирачките се целосно приспособени компоненти создадени специјално за оваа конструкција.
И покрај неверојатниот old-school cool изглед, механиката е сосема модерна како што и треба кај новите мотоцикли. Во текот на изработката, мотоциклот изгубил околу 100 килограми, што е речиси една третина од вкупната тежина на оригиналниот мотоцикл. R18 Magnifica тежи нешто повеќе од 250 килограми.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1GTSxnPIQlPkv_NvRqHfyAMN_74BYr89c” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Ова не е прво здружување на триото Radaelli, Radikal Chopper и BMW Motorrad. Во 2020 година, тие ги здружија силите за да направат сличен ретро-модерен чопер наречен Ad Maiora. Тој мотоцикл ја освои наградата Motor Bike Expo како најдобар „прилагоден“ мотоцикл на саемот. Многу веројатно дека Magnifica нема да има премногу проблеми да го повтори тој успех.