120 години на автомобилската индустрија низ нешто повеќе од 200 навистина изложени примероци.

Еден од најпознатите автомобилски музеи ни ги отвора вратите и ни ја открива речиси целата своја изложба. Можете да видите повеќе од 200 автомобили во виртуелна тура низ музејот која трае повеќе од два часа. Преку неколку тематски целини, можете да се запознаете со петте најнови изложби, односно Supercars, Extreme Conditions, Reclaimed Rust (James Hetfield Collection) и Redefining Performance (Porsche).

Можете да видите сè што можело да се види во живо до 2 јули. Имено, музејот оттогаш е затворен, а така ќе остане уште некое време. Штета, затоа што да се види толку многу автомобилска егзотика на едно место е настан што не треба да се пропушти. 

Значи, испланирајте време и тргнете на виртуелна турнеја. 

Уживајте!