Од следната година, Словенија ќе се префрли на наплата на патарината со електронски вињети чие купување ќе се одвива „од фотелја“, а за време на возењето нема да има застанување поради плаќање

Од декември 2021 година, Словенија ќе премине на нов, пософистициран начин на наплата на патарините преку електронски вињети, систем кој веќе го применуваат Унгарија, Словачка, Бугарија и Романија, а наскоро ќе се применува и во Австрија и Молдавија.

Освен што веќе нема да има редици за набавка на вињети, чекање на наплатни рампи и „мавтање“ со ENC уред, во историја заминува и лепењето и стругањето на вињети од шофершајбната.

Сето ова ќе биде заменето со неколку кликања во специјална апликација за паметни телефони или на веб-страницата за купување е-вињети. Доволно е о едноставен прашалник да се внесе земјата, бројот на регистарската табличка и адресата за е-пошта на која ќе биде испратена потврдата за плаќање.

Плаќањето ќе се врши со сите видови картички, а времетраењето на вињетата е по избор на возачот. Може да биде седум дена, еден месец, шест месеци или една година.

И покрај воведувањето на новиот систем, за оние кои немаат интернет или едноставно не сакаат да купуваат вињети преку него, Словенија ќе остави можност за плаќање на е-вињета на бензински пумпи, продавници и слични попатни места.

Откако ќе го оставите регистарскиот број на вашиот автомобил, никој повеќе нема да ве запре или ќе ве праша нешто. Сèто останато ќе го завршуваат камерите. Ако сте купиле електронска вињета, возењето низ цела Словенија е слободно, а ако не, системот брзо ќе го препознае вашиот автомобил и ќе ја предупреди полицијата.