
Видео прошетка низ фабриката на Мате Римац (2. дел) / ВИДЕО
Влегувањето во автомобилската индустрија почнувајќи од нула не е лесна задача, а Мате Римац покажа дека мала и непозната компанија, од мала земја како Хрватска, сèпак може да се пробие во светот на автомобилите. Ова беше направено прво со суперспортскиот електричен автомобил Concept One, за да биде проследено со помодерен и уште понапреден C_Two.
Денес, Rimac Automobili соработува со многу автомобилски производители како Mercedes, Aston Martin, Koenigsegg…
Компанијата Rimac постојано се менува и се развива, па наскоро се очекува трансформација на постоечката фабрика во нова и посложена постројка. Затоа Мате Римац низ неколку епизоди сака да го претстави сегашниот момент во развојната историја на неговата компанија, која се очекува да направи големи промени.
Првиот дел веќе го објавивме, а во продолжение вториот дел од приказната за хрватското и балканско чудо.