Општото мислење е дека најдобрите возила ги прават Германците и Јапонците, но секако во игра според многумина автомобилски познавачи и ентузијасти се и Французите и Италијанците

Традиционално, главните ривали во Европа се Германците и Италијанците, кои рака на срце не се истакнуваат со многу со квалитет, но кога станува збор за дизајнот на возилата и моторите, правењето паралели понекогаш е навистина тешко..

Ривалството меѓу Италијанците и Германците, секако, е најголемо на Апенинскиот полуостров, дури би можело да се каже и дека се „заколнати непријатели“ или „вечни ривали“.

Од сите овие причини, неодамна е спроведено истражување од „неутралните“ Британците, односно две компании специјализирани за тестирање, сервис, работата на електронските контроли на возилата и маркетинг -Ecu Testing LTD и Search Laboratory.

Во предвид е земено одржувањето на возилата во период од шест месеци или  16 јануари до 16 јуни 2019 година, а анализирани се податоци од автомобили од Италија, Германија, Франција и Јапонија.

Врз основа на овие податоци, произлегува дека „најлоши“ се Германците, бидејќи во просек имаат 53 проблеми на 100.000 единици. Веројатно многумина ќе бидат изненадени од фактот дека Италијанците се подобри за 11%, со 48 проблеми на 100.000 возила, а значително понапред од нив се Французите со 25%. Веројатно за многумина сосема очекувано дека најдобри се Јапонците, со само 17 дефекти на 100.000 возила.

Кога станува збор за електронските компоненти, дури и тука Германците стојат полошо од Италијанците, со дури 75% пријавени грешки, а во овој поглед далеку најдобри се Французите со само 2%, пред Јапонците со 8%.

Што се однесува до индивидуалните брендови, „озлогласениот“ Alfa Romeo наводно e подобар од големaта германска петорка –  Volkswagen, Opel, Audi, BMW и Mercdedes.

Fiat e при дното кога станува збор за доверливост, но во споредба со големиот Mercedes, во просек има само уште два проблеми повеќе.

Апсолутно најдобар производител, повторно веројатно очекувано е Toyota, со само пет проблеми на 100.000 единици. Зад неа се францускиот Renault со 16 и Honda со 20 проблеми.

Ова истражување се разликува од она што е спроведено оваа година од страна на американскиот JD Power, според кое автомобилите од Германија значително се подоверливи од италијанските, а најдобар е еден француски бренд (Peugeot). Сепак мора да се додаде дека во нивната студија Alfa Romeo има лош резултат поради лошата продажба на брендот во САД па затоа и нема доволно примероци за истражување.