Ванови на улиците во Њујорк издавани како „апартмани“ на AirBnB за 97 долари од ноќ / ВИДЕО
Полицијата во Њујорк отстранила седум ванови од градските улици поради истечени регистерски таблички. Сепак, тоа не биле обични ванови, туку „апартмани“ кои биле изнајмувани на популарната платформа Airbnb
Изнајмување стан преку онлајн платформа е речиси стандард. Постојат специјални страници за ова на кои огласуваат луѓе кои сакаат да изнајмат соба, куќа или стан. На тој начин можете брзо да пронајдете понуда каква што очекувата, и што е најважно, може да биде дури и за еден ден. Токму краткиот наем бил целта на издавачот кој поставил неколку ванови во Њујорк.
Автомобилите биле паркирани на улиците меѓу другите автомобили, обезбедени со катанец, додека клучот бил во посебно скривалиште во нивна близина. Лицето кое ја резервира ноќта го зема клучот и го отклучува автомобилот. Се разбира, причината зошто некој би бил во искушение да изнајми таква „соба“ секако е нејзината цена, која изнесувала 97 долари за ноќ, за разлика од становите во овој дел на Њујорк кои се изнајмуваат за над 400 долари за ноќ. Исто така, издавачот рекламирал такво сместување како можност туристот да доживее модерен живот во комбе на Instagram.
Покрај ниската цена, сепак имало и некои непријатности. Морате да одите во блиските ресторани или продавници за да појдете во тоалет или да се измиете. Подеднакво непријатно може да биде и самото спиење на улица во центарот на огромен град. Ниту еден крадец нема да има ни малку проблем да провали и да го ограби станарот. Автомобилите исто така не можеле да се стартуваат. Дека сето ова е токму вака покажува и видеото во прилог на еден корисник на YouTube кој се решил да провери како изгледа еднодневен „одмор“ во ваква соба.
Благодарение на ова видео, полицајците во Њујорк, всушност и дознале за домовите на тркала. Ги провериле комбињата и ги тргнале од улиците. Распоредени биле вкупно седум различни возила во двата градски окрузи.
Во исто време од AirBNB се повлечени понудите за овие „соби“.