Оригиналниот супер автомобил дезинтегриран во милион мали парчиња

Автомобилите се комплексни состави и во нив има многу подвижни делови, но ретко можеме сите да ги видиме. Фабијан Оефнер токму тоа ни го овозможува во една уметничка форма.

Швајцарскиот дизајнер стана познат по својата серија на дезинтеграции, земајќи различни предмети, од часовници и канистри за сода до слики и фотографии. Но, неговите автомобили кои се дезинтегрираат се меѓу највпечатливите и, секако, најинтересни за нас.

Претходните обработки на Оефнер се автомобилски икони како Ford GT40, Porsche 956, Ferrari 250 GTO, Mercedes 300 SL, Jaguar E-Type и Bugatti Type 57 Atlantic. Во неговиот последен проект, погледот е насочен кон Lamborghini Miura SV и сите делови кои го чинат овој егзотичниот суперавтомобил.

Lamborghini Miura SV е дизајниран од легендарниот Марсело Гандини во Bertone и своевремено едноставно автомобилот бил светлосни години далеку пред било што претставено во 1965 година.

Погонскиот агрегат V12 од 3.9-литри е поставен средишно и попречно зад кокпитот. Бил (и останува) „ѕвер“ кој треба да се провози. Како предвесник на работите што доаѓаат, моделот е ненадминат. Произведени се само 764 единици од кои 150 во Super Veloce верзија.

Но, вакво издание никогаш не сме виделе.