Производството можеби стагнира, но Ford се чини дека има големи планови за култниот кутиест теренец без оглед на се

Одложување на испораките и други проблеми го мачат Ford Bronco уште од неговото претставување. Пандемијата на коронавирус го одложи големото претставување во 2020 година, а работите не се подобрија ниту во 2021 година кога започна производството. Тековната криза со чипови, која ги погоди речиси сите производители на автомобили, е најновата „мака“ за Bronco. Ford e принуден на отворено да складира илјадници, всушност, недовршени копии на отворено.

Во складиштето на отворено кое се наоѓа во близина на фабриката за склопување на Ford во Мичиген, каде што се произведува новиот теренец, има недовршени, покриени со снег модели на Bronco кои чекаат чипови, велат од Ford.

Портпаролот на компанијата напиша дека компанијата се надева дека ќе ги заврши и испорача моделите во рок од три месеци, но тоа секако зависи од „достапноста на чипови“. Производителите на автомобили се надеваат дека најлошото е зад нив.

Моделот Bronco со одложувања се соочи уште во декември 2020 година, неколку месеци пред да започне со производство, а поради постојаниот недостиг на полупроводници, компанијата мораше да го прекине производството на почетокот на овој месец. Ова најмногу се однесува на производството на Bronco, а суспендирано е производството и на Ranger, Explorer, Mustang Mach-E и Lincoln Aviator. Во јануари на пауза беше ставено дури и производството на Mustang.

Недостигот на чипови ги принуди производителите на автомобили да останат флексибилни со своите нови производи. Кризата доведе до тоа BMW, Cadillac и други да исфрлат некои карактеристики од нивните возила, додека други ја одложија премиерата. Maserati го одложи Grecale за крајот на следниот месец, обвинувајќи ја за тоа кризата со чипови.

И додека Ford се соочува со проблеми во производството, во исто време ја проширува линијата на Bronco. Во јануари го претстави 405 КС (298 kW) моќниот Bronco Raptor, а овој месец компанијата го претстави Bronco Everglades, кој доби голем број на надградби. Производството можеби стагнира, но Ford има големи планови за теренецот сокутиест изглед и култно име.