Вака би можела да изгледа луксузната Lancia Anthea
Новото корпоративно име создадено со спојување на групацијата FCA и PSA, Stellantis, сака да ја рестартира Lancia и потоа да ја репозиционира по луксузниот сегмент, веднаш зад Maserati.
Планот треба да го спроведе извршниот директор на Lancia, Лука Наполитано, со тоа што реализацијата донекаде и започната со презентација на обновениот Ypsilon на почетокот на оваа година
Следниот модел, кој треба да ја поттурне италијанската компанија до врвот на понудата на Stellantis, се очекува да биде Lancia Anthea, но засега има само скици и гласини. Имено, дизајнерот Алесандро Каприоти, кој има работено и на скиците на Giulia Coupe, создалинтересен рендер кој иако е само дигитален, покажува како треба да изгледа автомобилот. Станува збор за елегантна и сензуална лимузина инспирирана од Fulvia и Delta, која „одговара на луксузниот свет“.
Атлетските и динамични линии на каросеријата според дизајнот на Каприоти носат футуризам, но има и препознатливи стилски референци за минатото на италијанската компанија, за иконите модели како што се Fulvia и последната генерација на Delta. На предниот крај доминираат вертикални хромирани ленти врамени во маската во облик на дијамант, а нејзината линија ја следат модерни и остри LED фарови. Покрај атлетските линии на каросеријата, спортскиот изглед се постигнува и благодарение на предниот браник со детали како странични отвори за воздух, на кои продолжува хромираниот хоризонтален профил.
Како дел од Stellantis, Lancia сега има многу повеќе платформи на располагање за да го изгради својот асортиман. По неколку децении ставање настрана, може да се каже дека Lancia конечно започна да го добива заслуженото внимание. Директорот на италијанската марка најави реорганизација со непосреден ефект.
„Завршивме со потрагата по тим на експерти за градење на иднината на Lancia, потпирајќи се на огромниот потенцијал на страст, посветеност и визија“, вели Наполитано.
Сепак, со оглед на нивото на моментална неизвесност на пазарот, особено во премиум сегментот, не е можно со сигурност да се каже како ќе се одвиваат работите. Засега, останува само надежта дека Stellantis не заборава колку време постои и што преставува името Lancia.