Уште еден брод со автомобили тоне во море / ВИДЕО
Овој пат станува збор за 100-метарски ферибот во Персискиот залив
Автомобилскиот траект Ал Салми е во неволја во Персискиот залив и најверојатно ќе потоне. Бродот е на само 48 километри од иранското пристаниште Еселује, пренесува AP.
Бродот плови под знамињата на ОАЕ, а на него имало 30 членови на екипажот. Повеќето од нив се спасени, но некои се на самиот траект, а други паднале во морето, а потрагата продолжува. Причина за несреќата е лошото време, бидејќи висината на брановите достигнала 4 метри и тоа ја попречило спасувачката операција во која учествувал и хеликоптер.
Фериботот Ал Салми е изграден во 1970-тите, долг 115,4 метри и широк речиси 20 метри. Според информациите, бродот патувал за Ум Каср (Ирак), натоварен со автомобили и друга стока. Сепак, не е прецизирано за какви автомобили станува збор.
Ова не е прв ваков инцидент во последно време. На почетокот на март, Felicity Ace потона во Атлантскиот Океан со 4.000 автомобили од марките Volkswagen, Audi, Porsche и Lamborghini. Бродот патувал од Германија кон САД кога на бродот избил пожар.
Обидите за влечење на бродот биле неуспешни, но неговиот екипаж бил спасен. Експертите од осигурителната компанија Russell Group подоцна ја проценија вкупната штета на 438 милиони долари.