Уметност на создавањето – BMW 4.4 V8 / ФОТО+ВИДЕО
Повеќето возачи немаат посебен став за погонските агрегати. За нив, тоа е „направа која се врти“, направа во која нешто „експлодира“, и која е во неволја кога ќе се запали светилката за масло
За среќа, постојат и оние кои на моторите гледаат како на фантастични креации на човечкиот ум и рака, кои можат да бидат повеќе или помалку успешни. Ова „повеќе“ обично се однесува на машини со високи перформанси, кои обично обележуваат автомобилска ера. Овој пат станува збор за 4.4-литарскиот битурбо V8 на BMW, кој се наоѓа под хаубата на M850i.
Од приложеното видео и фотографиите се добива увид во процесот на производство на овој феноменален агрегат. Рачно изработените мотори се ретки во ова време на масовно производство, а тоа на овој производ му дава специјална аура на луксуз и ексклузивност.
Процесот на дизајнирање, се разбира, подразбира техники кои човечкото знаење и рацете не можат сами да ги направат. Фабриката во која се произведуваат овие мотори користи технологија за мониторинг на податоци и собирање на податоци поврзани со силата која се применува на шрафовите, како мерење на клиренсот на вентилите.
Податоците кои се користат за мониторинг на производниот процес обезбедуваат употреба на соодветни алатки на работните станици. Главните компоненти како што се куќиштето на главата на моторот, добиваат поединечни кодови за следење за да дополнително се автоматизира мониторингот на процесот на производство, собирајќи податоци за периодот од кога фабриката ги примила деловите на инсталацијата.
Агрегатот Biturbo V8 од 4.4-литри за BMW M850i испорачува 530 КС и 750 Nm максимален вртежен момент.