Шумахер во Босна и Херцеговина има престојувано како амбасадор на UNESCO и американската здравствена хуманитарна организација „Hope“

Собранието на кантонот Сараево официјално донело одлука за преименување на трансверзалата А, на подрачјето на општина Нови Град – МЗ „Добриња А“ и „Сарај-Поље“, во Трансверзала А „Михаел Шумахер“, во чест на истакнатиот хуманитарец и почесен граѓанин на Сараево.

Така седумкратниот светски шампион во Formula 1, Михаел Шумахер доби улица во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Германскиот возач е почесен граѓанин на Сараево, а БиХ во својата кариера ја посетил два пати во 90-тите години. Шумахер во БиХ има престојувано како амбасадор на UNESCO и американската здравствена хуманитарна организација „Hope“, а по тој повод донирал и пари за помош на децата ранети за време на војната. На крајот од 2013 година.

Потсетување дека Шумахер во 2013 година се здоби со тешка повреда на скијање на француските Алпи, а неговото семејство со години во строга тајност ги чува сите информации за здравствената состојба на германскиот возач.