Овој пат германскиот производител нуди не 12, туку 24 страници

Оваа година, календарот на германскиот производител на масла Liqui Moly е уште „пожежок“, од причина што фотографиите се направени на сафари во Африка. На фотографите се „фатени“ испотени убавици во Националниот парк Кругер во Јужна Африка, а снимањето траело цели две недели.

Интересно, еротскиот календар, кој оваа година е двапати поголем – наместо 12 страници доаѓа на 24, е „повоздржан“ од претходните. Компанијата објаснува дека тие се обиделе да им ја пренесат на своите клиенти страста за патување. 

Календарот е испечатен во тираж од 160.000 парчиња, дистрибуиран до партнерите и специјални клиенти, а мал дел ќе биде достапен и во продавниците на компанијата Liqui Moly, но само во ЕУ.

Loading...