Групата TOGG, која го произведе првиот турски електричен автомобил, доби една од најпрестижните награди за дизајн во светот

Станува збор за наградата iF Design во категоријата Professional Concept која TOGG ја доби за својот електричен модел C-SUV. Првите единици од моделот ќе бидат пазарно подготвени во последниот квартал на 2022 година.

TOGG на тој начин стана првата турска марка која освоила награда во секторот за мобилност, а од групацијата велат дека нивниот електричен C-SUV е резултат на 150.000 работни часови. Тој е дизајниран од тимот на TOGG во соработка со Pininfarina како стратешки партнер, сето тоа под водство на светски познатиот дизајнер Мурат Гунак.

Оваа година, во изборот за наградите iF Design учествувале проекти од 52 земји, а наградите се доделуваат од 1954 година и се едни од најпознатите награди за дизајн во светот. Жирито го сочинуваат 98 судии од 21 земја.

https://youtu.be/cLCJpE0OMfQ

TOGG е конзорциум од пет големи компании и ќе произведува пет различни модели – SUV, седан, C-хечбек, B-SUV и B-MPV.

Масовното производство на наградениот теренец започнува во 2022 година, а потоа ќе следи и производството на седан моделот.