Почнувајќи од следната година, срцето на француската престолнина станува табу за скоро сите странски возачи

Надлежните во градската администрација во Париз осмислиле планови од се очекуваат да резултираат со преполовување на сообраќајот на автомобили во централната градска зона.

„Ние сакаме да спроведеме план за центарот на главниот град со цел драстично да го намалиме обемот на сообраќај на возила. Скоро 180.000 возила минуваат низ областа денес, од кои 100 000 дури и не застануваат тука“, вели членот на Зелената партија Дејвид Белиар, одговорен за преобликување на јавниот простор и прашањата за мобилност во градското собрание на Париз за Le parisien. „Само оние кои имаат живеалишта во таа зона, како и автобуси, такси, но и трговци, мајстори од разни профили и доставувачи, ќе можат да влезат во оваа зона со возило.

Во Франција за овој план е отворен процес на јавна дискусија, при што детално ќе биде презентиран предлогот, а потоа слушнати и разгледа разни идеи. Сепак, почетокот на спроведување на планот е закажан за 2022 година, додека самата област, која ќе се третира како централен дел на градот, ќе биде проширена.

Плановите се однесуваат на, наместо првите четири кварта од Париз, сега и на делови од петтиот, шестиот и седмиот, што е област што има 3,5 километри во правец исток-запад, додека на трасата север-југ, зоната е долга 2 километри. 

„Воспоставувањето на оваа зона ќе им помогне на пешаците и велосипедистите слободно да се движат и ќе создаде повисоки нивоа на безбедност, истовремено намалувајќи го загадувањето и бучавата“, тврди Белијар.