Најновата варијанта на каросеријата на електричното Porsche им се придружува на седанот и Cross Turismо, така што семејството Taycan сега вклучува вкупно три дизајнерски варијанти. Достапни се пет варијанти со погон на задните или сите тркала, како и две големини на батерии

Овој нов дериват на Taycan е наменет за оние кои сакаат да ја комбинираат практичноста на моделот Cross Turismo во секојдневниот живот, со динамиката на патот на седан верзијата. Како прв член на семејството Taycan Sport Turismo, GTS ќе се појави на пазарот кон крајот на февруари оваа година, а дополнителните верзии доаѓаат само три недели подоцна, во средината на март.

Како нова специјална опрема за Taycan Sport Turismo, достапен е панорамски покрив со функција за контрола на сонце, чија специјалност е електрична заштита од отсјај. Големата стаклена површина е поделена на вкупно девет области. Таков транспарентен или непроѕирен изглед може да попримат или поединечни сегменти или целиот покрив.

За разлика од неговиот моделен брат, Taycan Sport Turismo нема елементи за теренски дизајн, а достапен е и со погон на задните тркала. Доаѓа со најнова опрема за удобност и безбедност и напредна инфозабава. Покрај Apple Car Play, инсталирана е и функцијата Android Auto.

Покрај тоа, Voice Pilot сега уште подобро ги разбира гласовните инструкции. Благодарение на големата задна врата, багажникот е лесен за полнење со торби, а неговиот волумен зависи од опремата, најголемиот е од 446 до 1212 литри. Има и преден багажник од 84 литри.

Од пролет ќе бидат достапни пет варијанти: Taycan Sport Turismo со 240 kW (326 КС) и погон на задните тркала, опционален со Performance Plus батерија и 280 kW (380 КС). Taycan 4S Sport Turismo има погон на сите тркала и развива 320 kW (435 КС), а со батерија Performance Plus и 360 kW (490 КС).

Taycan GTS Sport Turismo има 380 kW (517 КС) и погон на сите тркала, исто како и Taycan Turbo Sport Turismo со 460 kW (625 КС). На врвот на гамата е Taycan Turbo S Sport Turismo со 460 kW (625 КС) и погон на сите тркала. Од место до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди, а максималната брзина е ограничена на 260 km/h.

Во Porsche се горди на ефикасната погонска единица. Подобрена е термичката контрола и функцијата за полнење. Двете батерии можат да се полнат од пет до 80 проценти за 22 минути и 30 секунди. Така, по околу пет минути полнење возилото располага со енергија за дополнителни 100 километри возење.

Функцијата Charging Planner е дополнително подобрена, наоѓа и планира станици за брзо полнење и избегнува кратки застанувања за полнење. Покрај тоа, станиците за полнење може да се филтрираат според класите на моќност. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1u-_5Be8eSCi1f8G2MqIaMT_KA6thSi9p” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]