Сопругите на членовите имаат ограничен пристап до клубот, вклучувајќи ја и можноста да позајмуваат книги од библиотеката и да ручаат со пријателите

Богатите поединци кои припаѓаат на приватни ексклузивни клубови честопати не се отворени за општествени промени, а неодамнешно видео за Automobile Club de France го докажува тоа. 126-годишната институција сè уште не дозволува членство на жените, а 74-годишниот претседател на клубот не планира да го промени тоа.

Automobile Club de France е сместен во огромна зграда на познатиот Place de la Concorde во Париз. Внатре има библиотека, ресторан, бар, тераса на покривот и базен. Клубот има околу 2000 членови со просечна возраст нешто под 55 години. Според Bloomberg, повеќето членови не се поврзани со автомобилската индустрија, иако некои луѓе се многу моќни во автомобилскиот бизнис, како што се извршниот директор на Renault, Лука де Мео и извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварез.

Технички, не постои правило кое им забранува на жените да членуваат, но два постоечки членови би морале да поддржат жена која сака да се приклучи. Сепак, ова изгледа многу малку веројатно. 

„Чувствувам дека три четвртини од вкупно 2.000 членови не сакаат ова да се промени. Имаме и други можности да запознаеме жени во Париз“, вели претседателот на Автомобилскиот клуб на Франција, Луис Десанж.

Сопругите на членовите имаат ограничен пристап до клубот, вклучувајќи ја и можноста да позајмуваат книги од библиотеката и да ручаат со пријателите. Сепак, не можат да влезат во некои области како базенот. Автомобилскиот клуб на Франција нема официјални овластувања во францускиот автомобилски свет, но очигледно има моќ за лобирање поради некои екстремно моќни луѓе внатре.

На пример, Десанж се обидува да ги ослободи старите автомобили од идните правила за емисии кои потенцијално би можеле да бидат забранети за возење во француските градови, пишува Bloomberg.