Тоyota веќе не е на првото место! Ова се највредните автомобилски марки во периодот 2001-2021 / ВИДЕО
Последните децении донесоа многу промени во автомобилската индустрија. Пандемијата, исто така, значително влијаеше на моменталната ситуација
На добро познатиот канал во автомобилската сфера Carwow, кој е познат по организирање на „трки за забрзување“, се појави сосема поинаков материјал. Ги открива вредностите на автомобилските компании во текот на две децении. Ова интересно видео покажува како се променило влијанието на производителите од 2002 година. Ова е јасно видливо во првите десет, каде што има значајни промени.
Toyota беше незаменлива во 2002 година. Оваа состојба продолжи повеќе од десет години. Mercedes беше на второто место, но неговата вредност беше речиси за половина помала. Honda е веднаш зад германскиот производител. Бидејќи овие јапонски брендови не се најсилните во Европа, може да се заклучи колку се моќни пазарите во Азија и Северна Америка.
Редослед на автомобилските концерни во 2010 година според вредноста:
- Toyota
- Honda
- Daimler
- Ford
- Volkswagen
- General Motors
- BMW
- Nissan
- SAIC motor
- KIA
На крајот на 2010 година, имаше значителна промена. Honda го претекна Daimler кој веќе го чувствуваше здивот на Ford на грбот. Volkswagen исто така беше меѓу првите пет. За некои, вистинско изненадување е што SAIC Motor е меѓу првите десет.
Како е денес?
Состојбите во автомобилската индустрија денес се сосеми поинакви, како и вредноста на врвните брендови. Некои од нив постигнаа огромен успех, додека други забележаа јасен пад.
Редоследот на автомобилските марки во 2021 година во согласност со вредноста:
- Tesla
- Toyota
- Volkswagen
- BYD
- Daimler
- NIO
- General Motors
- Great Wall
- BMW
- Ferrari
Неверојатно е колку се промениле работите. Tesla е на врвот, а вредноста и е три пати поголема од онаа на Toyota. Volkswagen е трет. Веднаш зад лидерите доаѓа BYD – една од трите кинески компании во првите десет. Токму тие покажуваат колку ситуацијата се променила.
Daimler се уште одржува висока позиција – го зазема петтото место и меѓу азиските конкуренти. General Motors е на седмото место. Интересен факт е секако присуството на Ferrari чија вредност е блиска со онаа на BMW.
Погледнете го видеото на Carwow.