Внимавајте на овие работи, бидејќи во спротивно може бргу бргу да бидете отпишани

За жал, ако живеете во ова поднебје, барем за еден добар дел од населението, шансите да може да си дозволи „бесно ауто“ кое само по себе ќе обезбеди планина девојки со сомнителни морални вредности, за жал се мали. Напротив, веројатноста за автомобил кој поминал „сито и решето“ е многу поголема. Но, тоа е сосема неважно, бидејќи сите возиме она што можеме да си го дозволиме, но важно е да бидеме свесни дека жените со еден поглед кон вашиот автомобил можат да заклучат многу за вас како личност. Затоа, внимавајте на овие работи, бидејќи во спротивно може бргу бргу да бидете отпишани.

Внатрешноста

Сите знаеме понекогаш да бидеме малку неуредни, но ако внатрешноста на вашиот автомобил изгледа како да не е исчистена од првиот ден кога истиот автомобил излегол од фабриката, тогаш заборавете на секое поинтимно дружење, овде не мислиме само на задното седиште, туку воопшто.

Неизедени сендвичи, расфрлани хартии и празни лименки веднаш ќе и дадат до знаење дека сте неуредни и неодговорни, што дефинитивно ќе резултира со тоа да ја поминете следната ноќ дружејќи се со себе.

Од друга страна, опсесијата за чистота и грижа при секој нејзин чекор за да не оставите случајно неколку траги на совршено исполираната арматура, исто така, може да резултира со вечер помината соло, бидејќи никој не сака да биде на само на второ место по првата љубов – автомобилот.

Надворешноста

Надворешноста на автомобилот на прв поглед кажува доволно за вас, бидејќи ако вашиот автомобил случајно изгледа како да поминал војна, со вдлабнатини на сите страни, „селотејп“ систем поправени браници и скршени трепкачи, бидете сигурни дека тоа е голем минус

Доволно е да се каже дека поради тоа, таа ќе ве смета за лош возач кој вози како кретен, удира други автомобили на паркинг и не почитува никој и ништо.

Исто како и за ентериерот, немојте да бидете еден од оние кои се толку вљубени во својот автомобил како да е најважното нешто на светот.

Големина

Не е се во животот само црно-бело, па можеби возите огромен автомобил затоа што имате големо семејство. Сепак, во многу случаи сопствениците на такви автомобили се големи егоисти или оние за кои таквите автомобили се продолжение на нешто што им недостасува во животот.

Само помислете колку пати сте виделе личност зад воланот на огромен теренец која едвај гледа низ воланот и се ќе ви биде јасно.

Боја

Бојата на автомобилот е нешто што секој сопственик го избира при купување во случај да не сте го наследиле или не сте го добиле автомобилот како подарок.

Секоја боја кажува нешто за карактерот, така што и жените донесуваат одредени заклучоци кога станува збор за бојата на вашиот автомобил.

Во ред, можеби нема веднаш да заклучат дека сте модерен маж ако возите бел автомобил, но сигурни сме дека многумина ќе размислат дали да влезат во автомобил ако дојдете по нив во розова или автомобил во една од флуоресцентните бои.

Се разбира, само во случај да не возите Ferrari, Lamborghini или некоја друга машина во тој ценовен опсег.

Опрема

Како и надворешноста на автомобилот, така и внатрешноста треба да биде уредна и неоштетена на секој чекор.

Жените можеби не се грижат дали вашиот автомобил е опремен со сета најнова технологија, кожа со највисок квалитет или седишта со електронско прилагодување, но ако е така, тогаш подобро е сите овие работи да бидат функционални.

Не изгледајте површно затоа што на прв поглед, вашиот автомобил е опремен како авион, а додека треба да ја вклучите климатизацијата или да ја подигнете атмосферата со соодветна музика, половина систем во автомобилот не работи.

Moonlight Mile (https://twistmoe.net/m/9o5a) Episode 12

Website https://animedao.nl: Watch Kanojo ga Kanji wo Suki na Riyuu. animedao Episode 2 animedao tv kissanime

Website https://animepahe.cc: Watch Sengoku Basara: Samurai Kings 2 animepahe Episode 12 anime websites

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE