ТОП 10 автомобили кои можат да поминат најмногу на резерва!
Засветлувањето на сјаличката за гориво е нешто што на секој од нас му се случило неброено пати. Прашањето е уште колку километри после тоа можеме да патуваме во зависност од автомобилот во кој сме?
Истражување спроведено од Daily Mail покажува дека една третина од илјада испитаници веруваат дека можат да поминат само 32 километри откако ќе се запали светлото за предупредување за гориво. И покрај тоа, во повеќето автомобили е можно да се премине двојно повеќе од тоа, а во некои дури и четири пати повеќе.
Ова истражување токму затоа донесува листа на автомобили кои можат да поминат најдолго растојание откако ќе се запали сјаличката за предупредување за недостаток на гориво, но и обратно.
Во предвид се земени најчестите автомобили на британските патишта. Исто така, треба да се знае и влијанието на стилот на возење со вклучена сјаличка. Рекордот го држи Volkswagen Passat, кој може да помине дури 120 километри со вклучена сјаличка за гориво.
Автомобили со најголем опсег по вклучување на сјаличката за гориво:
- VW Passat: 120 km
- Volvo V40: 112 km
- Ford Mondeo: 112 km
- BMW Serije 5: 109 km
- Toyota Prius: 107 km
- Mercedes E-klasa: 102 km
- Audi Q5: 102 km
- Range Rover Sport: 101 km
- Mazda 6: 101 km
- Audi A6: 99 km
Ако гледаме по обратен редослед крајност е најпознатата спортска лимузина, BMW M3, со кој со вклучено светло се поминуваат само 50 километри.
Автомобили со најмал опсег на „резерва“:
- BMW M3: 51 km
- Kia Picanto: 51 km
- Fiat 500: 59 km
- Mini Cooper: 61 km
- Mitsubishi Pajero: 61 km
- Jaguar XK: 61 km
- Citroen C1: 62 km
- Peugeot 108: 62 km
- Nissan Juke: 66 km
- Ford Fiesta: 66 km
И покрај сè, најпаметно е да не дозволите целосно да се испразни резервоарот за гориво, бидејќи тоа може да предизвика скапи дефекти во системот за снабдување со гориво, кој станува сè покомплексен кај поновите автомобили.