Токио има добитна формула за спас на авто салоните
Организаторите на Саемот за автомобили во Токио се чини дека ја пронашле добитната формула за негов опстанок
Во последните неколку години, автомобилските саеми или салони постепено го изгубија значењето, и веќе не е доволно само да се доносат автомобили во халите за да се привлече маса на луѓе.
Поради се помалата посетеност, големите автомобилски марки губат интерес и ги прескокнуваат големите настани, затоа што за нив е поевтино да го промовираат својот нов модел на посебно организиран настан.
Пред само еден месец, престижниот саем во Франкфурт го посетиле само 560,000 луѓе, што е скоро половина споредено со 2015 година.
Сепак, само 30 дена подоцна, од Токио доаѓа запрепастувачка информација дека саемските хали ги посетиле повеќе од 1.300.000 луѓе за само 12 дена!
Ова е далеку од рекордот од 1991 година кога Авто-саемот во Токио бил домаќин на 2,02 милиони луѓе, но повторно тоа е огромна бројка со оглед на тековните околности.
Организаторите се соочиле со голем број проблеми, вклучително и ограничен изложбен простор заради подготовките за Олимпијадата следната година, па затоа помеѓу одредени хали за превоз биле користени и автобуси.
Покрај тоа, од големите производители на саемот биле присутни само Mercedes-Benz i Renault, пред се заради солидарноста со нивните јапонски сојузници Nissan и Mitsubishi.
Масата во Токио е привлечена со многу слободни активности во градот, додека бесплатен влез е даван на средношколците и на помладите посетители кои пристигнувале со автобус како да се на училишно патување.
Јапонците организирале и други настани, како што се настап на музички, групи, е-спорт турнири, трки со беспилотни летала, автомобилски дрифт демонстрации.
Според се, Токио се чини дека ја пронашол вистинската формула за успех на автосалонот.