Тинејџерка со лекција за автомобилските инженери / ВИДЕО
Лекцијата е систем за отстранување на слепата точка за возачите
Ова генијална тинејџерка од САД има решение за големиот возачки проблем, и што е најинтересно, на целата автомобилска индустрија и покажува дека понекогаш не е потребно ништо повеќе од идеја и ум. Нејзиното решение е целосно елегантно за што и освоила награда од 25.000 американски долари на локален натпревар за наука.
Алеана Гаслер, 14-годишна девојка од Вест Гроув, Пенсилванија на локален натпревар по математика, применета наука, технологија и инженерство, победата во финалето ја однела со проект наречене „Подобрување на безбедноста на автомобилот со отстранување на слепите точки“.
Тинејџерката се решила да се справи со овој проблем затоа што нивниот семеен автомобил, управуван од нејзината мајка, имал многу широк потпорен столб кој го поврзува покривот со остатокот од автомобилот. Проблемот за нејзината мајка всушност бил слепата точка на десната страна од автомобилот, односно спојката на покривот со каросеријата.
Системот дизајниран од Алиана е таков што таа поставила камера на прозорецот од совозачката страна да го снима делот од сообраќајот и аголот на гледање кој е нецелосен за возачот заради гореспоменатиот проблем.
Камерата ја споила со проектор монтиран над главата на возачот и истиот го насочила кон тој потпорен столб. Сè што камерата гледа проекторот во реално време го репродуцира на потпорниот столб, со што всушност и исчезнува слепата точка.
Но, тоа не е сè. Алана користела специјален материјал кој го одбива светлото од проекторот, така што проектираната слика е видлива само за возачот и не му смета на патникот.
Како точно целиот систем работи, можете да видете во приложеното видео.