Тие се виновниците за парализата на автомобилската индустрија: Еве колку чипови има во секој автомобил и за што се користат
Сите се на удар, од фабричките работници и сродни бизниси до дистрибутери и клиенти
Проблемите со недостигот на полупроводници ја парализираше автомобилската индустрија и моментално нема производител на автомобили кој работи нормално. Сите се на удар, од фабрички работници и сродни бизниси до дистрибутери и клиенти. Штетата е невозможно да се сумира бидејќи од ден на ден се трупаат нови загуби.
Како е можно чиповите кои вредат околу 80 денари да бидат причина за таков нокаут на автомобилската индустрија?
Проблемот е комплексен…
Речиси и да нема функција во автомобилот која не зависи од полупроводници: мотори, менувачи, сопирачки, воздушни перничиња, суспензија, мултимедија, камери, прозорци, седишта, безбедносни системи… Буквално се работи со помош на мал полупроводник.
За важноста доволно говори и фактот што во секој автомобил се инсталирани околу 1.400 микрочипови! А потребни се четири до шест месеци за да се произведе еден микрочип.
Седумдесет проценти од глобалното производство на микрочипови доаѓа од тајванската TSMC. Но, тие 70 отсто претставуваат само три отсто од вкупниот промет на тајванската компанија. Дури и пред пандемијата, автомобилската индустрија не беше особено важен клиент, но постојаниот раст обезбеди добра позиција во преговорите. Но, по минатогодишното затворање во борбата против епидемијата, односот на силите отиде на штета на автомобилската индустрија, која е зад апаратите за домаќинство според бројот на нарачани чипови.
Како грогиран боксер на јажиња, Европската комисија минатиот вторник го претстави својот предлог-закон за чипови, кој треба да ја зголеми конкурентноста и еластичноста на Европа и да помогне во решавањето на проблемите.
Но, нема единствен одговор! Германските европратеници се најкритични кон проширувањето на државната помош, социјалдемократите стравуваат дека субвенциите ќе паднат во рацете на големите американски и азиски компании кои градат фабрики низ Европа, додека Зелените велат дека плановите не одговараат на актуелните проблеми со климатската криза.
Додека европските парламентарци чекорат во темнина, продажбата на нови автомобили на стариот континент минатата година падна на нивото од 1985 година.
Ако денот се познава по утротоутро, 2022 година нема да биде ништо подобра.