Кога станува збор за монтажа и ракување, Michelin Easy Grip, Autosock и Goodyear Ultragrip имаат предности во однос на конвенционалните синџири за снег

Синџирите за снег се еден од најважните делови на зимска опрема кој треба да го несите со себе во вашиот автомобил. Особено ако планирате да одите на планина. Покрај класичните синџири, веќе некое време постојат и текстилни помагала за возење по снег кои веќе развиени како вистинска алтернатива. Со мерење на влечната сила, за првпат е методот развиен од австрискиот клуб ÖAMTC (кој го спровел тестот), за објективно одредување на преносот на моќ при стартување на снег. Тестот е извршен со гуми со димензии 225/50 R17.

Она што веднаш треба да знеа и веднаш да се има во предвид е дека ако на патот го забележите оној син знак со синџири на тркало тогаш употребата на текстилни помагала не е дозволена односно задолжителни се класичните синџири за снег.

„Дури и ако ниту еден од деветте тестирани модели не постигнал највисока оценка (многу добро или пет ѕвезди), вкупниот резултат е позитивен со шест добри оценки (четири ѕвезди) и три задоволителни (три ѕвезди). Бевме изненадени што текстилните помагала во никој случај не се инфериорни во однос на перформансите на синџирите за снег, кога станува збор за пренос на моќ при поаѓање. Напротив, текстилниот производ Michelin Easy Grip има предност во овој многу важен критериум“, нагласува Стефан Кербл, механичар на ÖAMTC.

Кога станува збор за монтажа и ракување, Michelin Easy Grip, Autosock и Goodyear Ultragrip имаат предности во однос на конвенционалните синџири за снег.

Фактот дека синџирите за снег се уште се супериорни во однос на текстилните алтернативи во тестот е последица на нивната отпорност на абење. Штефан Кербл објаснува:

„Тест-возењата водеа, меѓу другото, на сува рута од максимални 50 километри, максималната брзина се базираше на спецификациите на производителот, но беше максимални 50 km/h. Дури и по релативно кратко растојание, јасни се знаците на абење на текстилните помагала со дупки во структурата на материјалот.

Експертот на ÖAMTC не е целосно задоволен во овој поглед, дури и со некои конвенционални синџири за снег. Трагите на абење не биле премногу видливи, но една алка од синџирот во моделот, Pewag Servomatik, се скршила, веројатно поради преоптоварување.

Модел Управливост Снег Абење Оцена
PEWAG Brenta 9 2,3 1,9 1,1 1,8
****
RUD innov8 Hybrid 2,3 1,5 2,1 1,9
****
FILMER Super Grip 2,5 1,4 2,3 2,0
****
PEWAG Servomatik 2,0 1,3 3,0 2,0
****
RUD Centrax 2,1 2,1 1,6 2,0
****
KÖNIG easy fit CU 9 2,2 3,0 2,0 2,5
****
MICHELIN Easy Grip Evolution (текстил) 1,9 1,3 3,6 2,6
***
AUTOSOCK (текстил) 1,8 2,5 4,6 2,8
***
GOODYEAR Ultragrip (текстил) 1,5 2,6 4,9 2,8
***